Don't Miss
Home / Вести / Битола без позитивни на корона вирусот

Битола без позитивни на корона вирусот

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти во: Скопје-16, Куманово-10, Прилеп-6, Тетово-15, Велес-1, Крива Паланка-1 и Валандово-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина 78-годишен пациент од Скопје (78 години) примен на 7 мај и 77-годишен пациент од Тетово, на болничко лекување од 14 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 636, активни 143
• Куманово – 416, активни 21
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-38, активни 4
• Прилеп –202, активни 59
• Тетово – 150, активни 66
• Струга – 71, активни 5
• Велес – 125, активни 53
• Битола –27, активни 8
• Охрид –21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –20, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
• Свети Николе-1, активни 1

Направените 533 теста се преку: ИЈЗ –256, Ветеринарен ф-тет -7, Авицена –12, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со ПЦР метода -53 и МАНУ -108. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови, а вкупно хоспитализиран 21 пациент. На респиратор се 4, а со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 51 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*