Don't Miss
Home / Uncategorized / Битолчани да плаќаат субвенционирана цена на струјата

Битолчани да плаќаат субвенционирана цена на струјата

По предлог на независната група “Поинаку“  советниците донесоа едногласна одлука  да  го прифати предлогот градоначалничката на Битола Наташа Петровска  да побара од Владата на првата следна седница Битола да добие субвенционирана цена на струјата поради загадувањето што го трпи од комбинатот РЕК кој е во близина на градот.

„Ова го бараме зашто во наша близина е еден од најголемите загадувачи РЕК Битола кој обезбедува 75 проценти од струјата во Македонија. Бројот на заболени од малигни неоплазми или лошото како што се нарекува е во постојан пораст во Битола. До моментот на гасификација, ако ја дочекаме живи, Битола мора да биде заштитена од загадувањето зашто врз него влијае и начинот на загревање на домовите и јавните институции”, рече Иван Чулакоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*