Битолскиот ракометен проволигаш Еурофарм Работник ја мина првата пречка во Челинџ Купот и тоа со втора победа над составот на Гранитас Каунас во Литванија.
Битолските фармацевти во Литванија славеа победа од 6 голови разлика 23:29. Минатата седмица во Битола резултатот беше 28-24.Репрезентативецот Ојлески со 7 голови беше најдобар стрелец.
Со оваа победа Еурофарм Работник ги продолжува натпреварите во Европа, што е голем успех за битолскиот супер лигаш.