Don't Miss
Home / Градска хроника / Благородна акција на жените од ВМРО-ДПМНЕ и жените Ромки од “Сумнал”

Благородна акција на жените од ВМРО-ДПМНЕ и жените Ромки од “Сумнал”

„За Бајрам со баклава, за Велигден со црвени јајца- христијанки и муслиманки, жените се жени “.

Ова беше велигденската порака која заеднички ја упатија жените Ромки , чии деца се штитеници на Центарот за ран детски развој на „Сумнал” од Битола и жените од  Општинскиот комитет на Унијата на жени на владејачката  ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

На заедничката средба  беше нагласено, дека без разлика на етничката и верската припадност сите жени денес се исправени пред заеднички предизвици и мора заедно да делуваат за подобрување на нивната положба во општеството.

Жените од ВМРО-ДПМНЕ на жените Ромки им донирааа и домашни слатки и солени производи од традиционалниот, хуманитарен Велигденски хепенинг, подготвени од вредните раце на домаќинките од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Ваквото заедничко чествување на Бајрам и Велигден се одржува по третпат и прераснува во традиционално дружење на битолските жени.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*