Don't Miss
Home / Uncategorized / Боки планирал Јанева да ја оперира кај Камчев, во Систина

Боки планирал Јанева да ја оперира кај Камчев, во Систина

Орце Камчев и Бојан Јовановски, освен за спасот на бизнисменот од кривичниот прогон за “Империја”, зборувале и за операција која требало да ја направи тогашната специјална обвинителка Катица Јанева.

Разговорот бил тајно снимен, а во просторијата биле присутни сопругата на бизнисменот, Ана Камчева, и Зоран Милевски Кичеец.

Од разговорот може да се заклучи дека првичниот план бил Јанева да се оперира во “Систина”, ама ризик било да не дознаат медиумите, односно дека се оперира во болница на осомничен од страна на СЈО.

Боки 13 појаснува дека имало план Јанева да се оперира кај Жан Митрев, ама сепак немало договор. Тогаш Боки дава идеја да се оперира во “8 Септември”, а докторот Тони од “Систина”, таму да ја изврши интервенцијата. Тогаш се вмешува Камчева која вели дека нема да дозволи да го изгорат докторот, зошто може се да се открие.

Тогаш Боки 13 и се јавува на Јанева и и вели:

“Да биде во “8 септември”, од “Систина” е пренесат цела операциона сала”, вели Боки.

“Не, не познавам никој таму, не сакам. Ќе зборуваме друг пат”, му вели Јанева.

Адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев, реагираше дека оваа снимка не тррбало да биде презентирана, бидејќи не била поврзана со случајот, а се зборувало за здравствената состојба  на неговата клиентка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*