Од најсовремената болница „Плодност“ споделија радосна вест на нивната официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук.
![](http://bitolskivesnik.mk/wp-content/uploads/2025/01/bebencze-.jpg)
„11 Божиќни бебиња во два дена!Утрово, на нашето одделение по неонатологија, владее вистинска празнична атмосфера исполнета со радост и грижа. На Бадник, нашата болница беше благословена со четири прекрасни бебиња, меѓу кои и тројка. Вчера, на Божиќ, уште седум бебиња ја исполнија болницата со љубов, од кои две се близнаци, правејќи го овој празничен ден незаборавен за нивните родители-информираа од болницата „Плодност“.
Од најсовремената болница додаваат дека во овие празнични денови, кога славиме нов почеток и верба, на свет ни дојдоа единаесет нови животи, носејќи светлина во нашата болница „Плодност“.
Честитки до сите родители и огромна благодарност до целиот тим за посветеноста и грижата!