Десната рака на Владимир Талески, Слободан Бончановски во пресрет на изборите си дал оставка од функцијата секретар на општината, за да веднаш потоа истиот со решение на градоначалникот Талески повторно бил нанчен за раководител на Секторот за финансии.
Ова денеска ни го соопштија вработени во Општинската администрација, од каде ни рекоа дека по ваквиот трансфер, Бончановски и Талески си зеле годишни одмори и не доаѓаат повеке на работа.
Извори на порталот на Битолски весник ни тврдат дека Бончановски по оставката од секретарската функција и именувањето за раководител на Секторот за финансии си се преселил на работа во неговата приватна фирма за книговодствени услуги Евденција, каде им го води книговодството на десетици фирми.
Мегу фирмите на кои Сободан Бончановски им го води книговодството има и обвинети во случајот “Транспортер 1 “