Home / Uncategorized / Бугарски Фокус: Раководството на ВМРО ДПМНЕ со бугарски пасоши

Бугарски Фокус: Раководството на ВМРО ДПМНЕ со бугарски пасоши

Филип Петровски, по потекло од Куманово, како што наведува бугарски „Фокус“, е познат како особено близок на семејството Груевски, а веќе успеал да ги снабди своите најблиски со бугарски пасоши.

„Таткото на еден од најактивните борци против бугарско-македонските односи, Тихомир Петровски поседува бугарски пасош од 2011 година, мајка му Маринела Петровскa добила пасош во 2006 година, а неговиот брат Марко Петровски – во 2015 година“, се вели во текстот.

Во слична ситуација, како што се наведува, се наоѓа и поголемиот дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ како на централно, така и на регионално ниво, парламентарната група на партијата, како и дел од поранешните министри во различните кабинети на Никола Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*