Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави списокот на ракометари повикани за собирот што ќе се одржи в понеделник (19 септември) во спортската сала „Младост“ во Битола.
На првичниот список на Червар за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП се наоѓаат 30 помлади ракометари, сите од домашното првенство, а ги нема поискусните и они што играат во странство.
Список на ракометари кои добија повик од Червар:
1.Марко Кизиќ РК ВАРДАР
2. Мартин Томовски РК МЕТАЛУРГ
3. Кирил Колев РК ПЕЛИСТЕР
4. Марио Танкоски РК МЕТАЛУРГ
5. Марко Неловски РК МЕТАЛУРГ
6. Мартин Велковски РК МЕТАЛУРГ
7. Ласко Андоновски РК ПРОЛЕТ 62
8. Константин Вешоски РК ПЕЛИСТЕР
9. Тоше Ончев РК ВАРДАР
10. Никола Костески РК МЕТАЛУРГ
11. Дејан Кукуловски РК ВАРДАР
12. Жарко Пешевски РК МЕТАЛУРГ
13. Давор Палевски РК МЕТАЛУРГ
14. Горан Печенковски РК МЕТАЛУРГ
15. Иван Димитровски РК ВАРДАР
16. Антонио Николовски РК ВАРДАР
17. Васко Димитриовски РК ПЕЛИСТЕР
18. Мартин Манасков РК ВАРДАР ЈУНИОР
19. Бобан Блажевски РК ОХРИД 2013
20. Филип Арсеновски РК МЕТАЛУРГ
21. Стефан Трпчевски РК ВАРДАР
22. Горан Крстевски РК МЕТАЛУРГ
23. Филип Талески РК МЕТАЛУРГ
24. Филип Кузмановски РК МЕТАЛУРГ
25. Стефан Дрогришки РК МЕТАЛУРГ
26. Иван Тасевски РК ПЕЛИСТЕР
27. Димитар Димитриоски РК МЕТАЛУРГ
28. Благојче Трајковски РК ОХРИД 2013
29. Дарио Петровски РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК
30. Борјан Маџовски РК ПЕЛИСТЕР.
Првиот меч од квалификациите за ЕП, Македонија го игра на 2 ноември против Украина на домашен терен додека три дена подоцна и гостува на Чешка. Во групата 4 уште е и Исланд.