Home / Вести / Чествување по повод празникот 11 Октомври

Чествување по повод празникот 11 Октомври

                       

Пред 79 години,  нашите предци ја започнаа народната борба за ослободување на Република Северна Македонија.

Во нивна чест, со строги мерки на заштита и по зададените протоколи од Министерството за здравство, во Битола на неколку локации се одбележа еден од најзначајните датуми во македонската историја, 11 Октомври.

Свежо цвеќе пред споменикот на загинатите борци пред Центарот за култура во Битола положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинскиот сојуз на борците, претставници на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Делегација предводена од заменик-градоначалничката Емилија Костурски, претставници на Советот на Општина Битола и Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, подолжија свежо цвеќе на партизанските гробишта, со што им оддадоа почит на сите народни херои, кои ги положија животите во Втората светска војна, за слободна и независна држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*