Поддржувачи и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и денеска се собираат пред Кривичниот суд во Скопје, каде протестираат поради новите обвиненија од СЈО. Кривичниот суд денеска одлучува по барањата од СЈО за притвор на за поранешниот премиер Никола Груевски, како и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера СЈО до Судот поднесе 17 обвиненија против 94 лица. Меѓу осомничените во предметите се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и други министри од претходната владина гарнитура и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Поддржувачите на опозицијата и синоќа беа пред Судот.