До 18.30 часот своето избирачко право го искористиле 795,577 гласачи, или 44,5 отсто од граѓаните запишани на избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија.
Со тоа е постигнат цензусот од 40 отсто за избор на претседател на државата во вториот круг од изборите.
Како што соопштија од ДИК поголема излезност има во следниве градови: Битола 53,26 %, Вевчани 65,23 %, Гевгелија 66,17 %, Демир Хисар 67,12 %, Дојран 65,52 %, Кавадарци 61,15 %, Карпош 55,91 %, Крива Паланака 70,49 %, Крушево 66,97 %, Македонски брод 66,87 %, Неготино 65,21 %.