Don't Miss
Home / Uncategorized / Виолета Томовска: Битола ми е во душата

Виолета Томовска: Битола ми е во душата

                                                 

s

Битола е градот за кој се испеани најмногу песни.  Многу пеачи пееле за Битола. Но никој толку убаво не пеел за Битола, како таа.

          Таа има таков глас, кога пее за Битола буквално предизвикува трепет на душата и срцето.

Таа без сомнение е прва дама на македонската народна музика, Иако неодамна наполни 73 години, сѐ уште има енергија, волја и бисерен глас, на верната публика од повеќе генерации да ѝ ги стопли срцата пеејки ги своите аманет-песни, со кои денес се идентификува македонскиот народ, дома и секаде, каде што е расеан по светот.
      Нејзините интерпретации на песните „Македонско девојче”, „Ој, Вардаре македонски”, „Едно име имаме”, „Молитва”, „Љубов голема”, „Песна ви пеам, Македонци”, „Запеј песна, Македонко” се незаборавни.

За време на нејзината 57-годишната музичка кариера, што ја почна на 16-годишна возраст,  испеала  над 1.000 песни,  голем број концерти дома и во многу земји во светот, снимила плочи со тиражи од 100.00 примероци за ПГП РТБ, пеела пред познати светски личности и секогаш била достоинствен амбасадор на својата држава.

          Добитничка е на огромен број признанија и награда. Минатата година стана добитничка на  највисокото општинско признание за животно дел 4 Ноември.

          Пред  неколку години беше добитничка на признанието “ Ајри Демировски “ на Битолски весник.

-Презадоволна сум што сум дел од оваа манифестација, која навистина е прекрасна.Битола јас како што вели во песната за Ајри Демировски, Сефедин Бајрамов ја носам во Битола.

Снагата ми е во Скопје, но душата во Битола.

 Најдобро е чуството кога те нагрдауваат  во  твојот град.

 Идната година славам 60 години кариера и моја желба е концертот да го одржам во Битола, изјави Виолета Томовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*