Don't Miss
Home / Македонија / ДА за идејата, НЕ за одлуката за двосменско работење

ДА за идејата, НЕ за одлуката за двосменско работење

Поттикнат од одлуката на Министерството за труд и социјална политика за воведување на двосменско работење во градинките, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска излезе со официјален став на локалната самоуправа.

– Мене ми е жал што една добра идеја, Министерството за труд и социјална политика не успеа добро да ја обмисли. Со жалење можам да констатирам дека градинките не се во можност да воведат ваков режим на работа од повеќе причини. Првенствено сметам дека одговорноста за нефункционирањето на оваа идеја е на Министерството за труд и социјална политика, бидејќи Одлуката ја донеле на 10.07.2017 година, а истата е примена во Опшина Карпош на ден 29.08.2017 година, што значи дека Министерството имало доволно време, да обезбеди согласност за нови вработувања и нови средства за дополнителни трошоци – беше прецизен Јакимовски.

Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски смета дека, за да функционира оваа замисла, во предучилишните установи во Карпош е потребен пред се, дополнителен персонал, како и дополнителни средства за продолжено греење и електрична енергија.

Од овие причини, по разговорот кој го имавме  со раководствата на Јавните установи општински детски градинки, кои се вкупно десет на број, со жалење можеме да Ве информираме дека не сме во можност од 1 септември да отпочнеме со работа во две смени. Во моментов сите наши објекти имаат недостаток на негувателки, воспитувачи и помошен персонал. Да се одвои дел од персоналот и да се прераспредели во втора смена и секоја прва сабота во месецот, пред сé, ќе биде на штета на децата кои се веќе згрижени.

Општинскиот татко, Стевчо Јакимовски, јавно го постави логичното прашање – како Министерството за труд и социјална политика замислува градинките во Карпош да работат втора смена до 21:30 часот, затоа што секој што работи во смени, работното време му завршува или во 22:00 или во 23:00 часот, што значи дека објектите заедно со персоналот мора да функционираат до полноќ.

Децата што ќе одат во втора смена не се сите од иста старосна возраст. Во првата група има дечиња до 18 месеци – (1 јасли), деца од 18-24 месеци – (2 јасли), потоа, возрасна група од две до три години, возрасна група од три до четири години, возрасна група од четири до пет и возрасна група од пет до шест години. Сите групи имаат различни воспитно – образовни програми, што значи дека еден воспитувач не може да ја реализира воспитно – образовната работа истовремено на деца од различни возрасни групи – резонираше Јакимовски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*