Откако претходно докторот на интерното одделение при Клиничката болница во Битола, Боби Трајковски на својот фејсбук профил јавно му се обрати на министерот за здравство, Венко Филипче, дека на ова одделние дури 4 дена ги очекувале резултаите од тестирањето на еден пациент, кој подоцна се покажал како позитивен, денеска со својата реакција се јавија од Клиничката боница.
Денатирајки и осудувајки ги информациите кои излегоа на социјалните мрежи директорката на Клиничката болница, Билјана Гагачовска, изјави дека некои лекари социјалните мрежи ги гледаат како поле од кое треба да добијат аплаузи врз грбот на професијата што ја одбрале и да ја погазат заклетвата која ја дале, наспроти примарната улога за справување со пандемијата.
– Жално и срамно е да се собираат политички поени врз грбот на здравствените работници кои во овој момент пожртвувано работаат и затоа сакам да дадам целосна слика во врска со хоспитализиран пациент и за кој синоќа добивме потврда дека е позитивен на Ковид-19.
Пациентот кој се водеше во дневна болницата во Психијатриската болница во Демир Хисар, бил примен на Клиничката болница во Битола на 10 април. При влезот во болницата кај пациентот не беше регистрирана зголемена телесна температура и првично беше хоспитализиран во психијатриското одделение заради згрченост на мускулите, а по извршен лекарски преглед и анализи, пациентот заради сложената здравствена состојба беше префрлен во Интерното одделение и во посебно изолирана болничка соба. Контакт со пациентот имаа само еден лекар, четири медицински сестри и еден болничар.
Од пациентот на 11 април беше земен тест за проверка, а доцна синоќа стигна резултат дека пациентот е позитивен на Ковид-19.
Откако ги добивме резултатите од тестирањето од синоќа пациентот е во Инфективното одделение при Клиничката болница-Битола и е во добра општа здравствена состојба, изјави Гагачовска.
Од Клиничка болница-Битола информираат дека со работата на синоќешната лекарска екипа воедно завршла ротацијата од 14 дена активна работа, а денеска почнала со работа втората екипа која во изминатите 14 денови била дома, односно не доаѓала на работа.
– Во моментов под медицински надзор се лекарите кои имаа контакт со пациентот во Ургентна медицина, лекарскиот тим што го третираше пациентот на психијатриското одделение и лекарскиот тим што имаше контакт со пациентот во интерно одделение, потврди Гагачовска, која притоа нагласи дека на Инфективно одделение во болницата, покрај пациентот кој синоќа беше сместен, се лекуваат уште осум други пациенти и сите се стабилни, истакна Гагачевска, која упати апел до здравствените работници да не се шири паника особено од нив и да не се пласираат статуси кои имаат политичка конитација.
Инаку да потсетиме доктор Боби Трајковски изреволтиран од доцнењето на резултите од тетсирањето на пациентот, кој беше сместен на Интерното одделение преку својот профил на Фејсбук му се обрати на министерот за здравство, во кое мегу другото напиша.
-Почитуван колега и министер Венко. Четири дена
чекавме резултати за лежечки пациент на Интерно одделение, за сега
во овие касни сати да разберам дека е позитивен за КОВИД-19??? Нема да се помирам и да ја
прифатам оваа лакрдија.Слободно казнувајте ме колку сакате, но неспособните да
ги смените веднаш. Таков гнев и револт чувтвувам што не се опишува.Не ме исполнуваат
аплаузи и немам потреба да си го хранам егото, барав да се водиме според
правилата и да се заштитиме во секој поглед. Цел месец укажував дека не сме на
ниво и еве дојде до тоа од коешто се плашев.
Потфрливме и за ова барам да се одговара., напиша доктор Боби
Трајковски, кој притоа упати прашање дали Интерното одделение во Клиничката
болница ќе биде во карантин, бидејќи сите вработени
биле на смени додека позитивниот пациент лежел таму.