Don't Miss
Home / Uncategorized / Дебата за приоритетите за локалниот развој на битола

Дебата за приоритетите за локалниот развој на битола

Во организација на Младинскиот културен центар – Битола, а во соработка со Општина Битола, се одржа Форумот за утврдување на приоритети за работа на Локалниот економско-социјален совет на Општина Битола (ЛЕСС Битола) за 2019 година.Целта на овој настан е да се зајакне и поддржи работата на Локалниот економско-социјален совет на Општина Битола преку дијалог на членовите на овој совет со заедницата, односно со сите засегнати страни, да се генерираат идеи и да се направи приоритетна листа на проблеми и потреби на локално ниво кои се планира да бидат вклучени во програмата за работа на ЛЕСС Битола за 2019 година.

„Ваквото вклопување цениме дека претставува можност за да се согледаат потребите на пазарот на трудот кои што се на барање на бизнис заедницата, меѓутоа и потребите на самите работници кои што сакаат да бидат вклучени во интересите на бизнис заедницата. Повеќе од 33% во составот на овој совет се претставници од бизнис заедницата. Очекувам дека денешната расправа ќе даде добра перспектива во насока на утврдување на програмата за работа за 2019 година на ЛЕСС, со утврдување на приоритетите на истите. Ова е единствениот начин за да се создадат услови кои што би биле предизвик за младите да останат во нашата локална самоуправа“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

ЛЕСС е формиран со цел да ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во општината и да дава свои мислења и предлози до Советот на Општината и другите органи.

„Улогата на граѓанскиот сектор е да се вклучува во актуелни прашања и проблеми во локалната заедница и нашата улога со овој настан е да помогнеме да се направи поблизок контакт меѓу сите засегнати страни и сите социјални партнери, за да се подобри работата на ЛЕСС кој недамна беше реструктуиран. Овој совет сметаме дека е клучен при решавање на одредени економско-социјални прашања на локално ниво““, истакна Мери Нашоку, од МКЦ Битола.

Покрај градоначалничката Наташа Петровска, поздравно обраќање имаше и д-р Сашо Додовски, директор на Младинскиот културен центар Битола. Настанот се реализира во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ на Младински културен центар – Битола, поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*