Со истрел од ловџиска пушка 69 годишниот Миле И. од демирхисарското село Мренога ги застрелал својот 40 годишен син Добре и уште едно 21 годишно лице, објави Пресс24, кој се повикува на полициски извори
Инцидентот се случил утрово околу 2:30 минути во атарот на селото Мренога во Демир Хисар, кога трите лица биле во кривилов.
Од здобиените повреди на лице место починал 21 годишниот Александар В. од селото Мренога, додека Добре со тешки телесни повреди е префрлен во здравствениот дом во Демир Хисар од каде поради сериозноста на повредите итно е транспортиран во Клиничкиот центар во Скопје.