Во чест на загинатите 21 лице кое животот го загубија во големото невреме кое ги зафати Скопскиот и Тетовскио регион, Македонија денеска одбележува Ден на жалост.
Последната информација од Министерството за внатрешни работи вчера беше дека од пронајдените 21 лице, 20 се идентификувани и предадени на семејствата, а една жртва не беше идентификувана.
Загинатите се во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци.
На вчерашната вонредна седница, Владата донесе одлука на семејствата со загинати да им додели еднократна парична помош од 300.000 денари, а претходно такви одлуки донесоа Градот Скопје за 180.000 денари и општина Гази Баба за 100.000 денари.
На истата седница, прогласена беше и кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во наредните 15 дена.