Претпоставуваме дека секогаш на вашите вработени и колеги им препорачувате вашите клиенти да ги дочекувате со насмеани лица. Исто е и на социјалните мрежи, секогаш дочекувајте ги постоечките или потенцијалните клиенти со насмевка.
Вашиот клиент е дојден на социјалниот профил да го реши својот проблем,а ако вие го направите тоа, ќе имате верен фан на вашиот бренд. И секако секое решение на проблемот започнува со топла насмевка, затоа смејте се повеќе, па дури и дигитално 🙂
Бидејќи овој совет е и правило број еден во нашата компанија, затоа нашиот информатор го нарековме „Дигитална насмевка :)”
… наредната недела Совет #2: Локација, Локација, Локација