Home / Македонија / ДИК ја продолжи расправата по приговорите

ДИК ја продолжи расправата по приговорите

Започна седницата на ДИК на која денеска ќе се расправа по преостанатите приговори на партиите БЕСА и СДСМ од гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Седницата која беше закажана за точно на пладне доцнеше околу два часа. ДИК отфрли седум приговори на БЕСА, а еден е се уште во процедура.

Додека пак од СДСМ не беа прифатени три приговори, еден е во процедура, а за останатите четири ќе се расправа на денешната седница.

ДИК во моментов расправа за еден приговор на СДСМ за изборната еднициа шест во Тетово.

Поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ повторно се собраа пред седиштето на ДИК за како што велат, да не им се украде изборната победа.

Синоќа  поддржувачи на владејачката партија, но и нејзини функционери останаа до доцна во ноќта пред ДИК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*