Don't Miss
Home / Македонија / ДИК: ВМРО ДПМНЕ освои 51 мандат, СДСМ – 49

ДИК: ВМРО ДПМНЕ освои 51 мандат, СДСМ – 49

Државната изборна комисија ги објави прелиминарните резултати, според кои владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат, а опозициската СДСМ 49.

Во ИЕ1, СДСМ освои 92.247 гласа или 42,35 проценти од гласовите, наспроти 72.842 гласа, односно 33,44 проценти за ВМРО-ДПМНЕ. Зад нив се најдоа со 5,92 проценти, односно движењето БЕСА со 5.32 проценти.

Во ИЕ2, ВМРО-ДПМНЕ освои 36,15 проценти или 73.712, наспроти 69.842 гласа за СДСМ, односно 34,25 проценти. Зад нив се најдоа ДУИ со 16.868 гласа или 8,27 проценти и БЕСА со 16.199 гласа, односно  7,90 проценти.

Во третата изборна единица коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 102.899, односно 50,36 проценти, наспроти 81.204 гласа или 39,77 проценти за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во оваа изборна единица зад нив заврши коалицијата ВМРО за Македонија со 3,28 отсто.

Првичните резултати во четвртата изборна единица пак, велат дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 47,96 проценти или 101,617 гласа, наспроти СДСМ кој доби 94,780 гласа, односно 44,73 проценти од гласовите во ИЕ4.

Во петката пак се водеше една од потесните битки, а според првичните резултати ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 72,340 гласа (38,51 отсто), наспроти 71,020 гласа за СДСМ (37,81 отсто). Зад нив се најдоа ДУИ со 7,44 отсто од гласовите и Алијансата за Албанците со 3,92 отсто.

Во изборната единица 6, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 16,55 отсто, наспроти 16,35 отсто за СДСМ. Мнозинството гласови во ИЕ6 ги освои ДУИ кој однесе 40,599 гласа или 25,70 отсто од гласовите.

Според информациите од ДИК, седмата изборна единица сеуште не е комплетирана и прелиминарните резултати од таму се очекуваат подоцна во текот на вечерта.

Во моментов, пресметано во мандати коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоени 51 мандат, СДСМ 49, ДУИ 10, БЕСА 5, Алијансата за Албанците 3 и ДПА 2 освоени мандати.

Политичките партии можат да достават жалби до Државната изборна комисија во рок од 48 часа по комплетирањето на прелиминарните резултати во сите изборни единици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*