Don't Miss
Home / Економија / Диме Спасов: За неколку месеци вработени 4.300 млади на возраст до 29 години

Диме Спасов: За неколку месеци вработени 4.300 млади на возраст до 29 години

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, вчера во Битола посочи дека за неколку месеци, вработени се вкупно 4.300 млади на возраст до 29 години, благодарение на поволностите за компаниите што ги овозможи Владата на Република Македонија.
-Преку овие инфо-клубови сакаме да ја покажеме важноста информацијата за соодветно вработување и слободните работни места во Република Македонија. Студентите побрзо и полесно да дојдат до сите релевантни информации битни за нивното следно вработување и почеток на кариерата. Во оваа прилика сакам да ги нагласам ефектите од мерката за ослободување од плаќање придонеси за период од 12 месеци за приватните компании кои ќе вработат млад човек до 29 години и притоа за неколку месеци се вработија 4.300 млади луѓе кои токму на овој начин побрзо стигнаа до работа. Оваа владина поволност ќе се применува до месец март 2016 година и очекуваме максимална искористеност од страна на приватните компании, нагласи министерот Спасов.

Според градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески во соработка со Владата, и општината презема голем број на активности кои покажале многу добри резултати на овој план, иако било потребно уште да се работи.
– Со нашата стратегија за млади што ја практикуваме во општина Битола, како и со формирањето на младински совети ќе овозможиме начин работодавачите да ги пронајдат своите кадри меѓу младите луѓе, и обратно, младите луѓе со свето знаење да се пронајдат на пазарот на трудот, рече меѓудругото градоначалникот д-р Владимир Талески.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*