Водиме политика на нов конструктивен и отворен систем во односите со соседите. Тоа е единствениот начин регионот да чекори напред. Успесите на нашите соседи е и наш успех. Ако има некое недоразбирање вистискиот начин да се надмине е преку директен разговор и дијалог.
„Доколку постојат недоразбирања, треба да се решаваат со дијалог. Во неделата, кога ја добив нотата од Србија, му се јавив на Дачиќ, но не успеав да го добијам. Телефонски побарав разговор и вчера. Најверојатно утре ќе разговараме со колегата Дачиќ“, рече Димитров. Македонската Влада, дополни Димитров, ги поздравува намерите на Белград за враќање на состојбите во вообичаените рамки.
„Единствената офанзива на Македонија е во ширење контакти на Балканот, а во таа насока е и договорот за добрососедство со Бугарија, заедничката седница со Владата на Албанија и посетата на Грција. Бевме изненадени од дипломатската нота на Србија, но сè уште не сме оствариле официјална директна комуникација за да разговараме за ова прашање“, рече Димитров.
Граѓаните на Македонија и на Срија не заслужуваат за вакви теми да се зборува врз основа на шпекулации, додаде Димитров.
„Дијалогот е многу важен и затоа бараме официјална информација и сакаме да знаеме со кого и што сме се договарале“, рече шефот на македонската дипломатија.