Дона Петрова, редовен студент на Правниот факултетот, е избрана за лидер на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Таа истакна дека со членовите на раководството на УСС и студентите на УКЛО ќе се реализира програма за работа што треба да овозможи поддршка и помош за студентите, но и нивна поголема активност и учество во проекти.
„Заедно со членовите на УСС направивме програма преку која ќе можеме да ги мотивираме студентите подобро да се искажат, да ги кажат проблемите, а тоа секако ќе се овозможи и со работата на студентскиот правобранител. Исто така, сакам да напоменам дека ова е едно вистинско собрание, кое треба да им помогне на студентите и ќе ги стимулираме да направат проекти со кои ќе се истакнат во иднина“, рече Петрова.