Don't Miss
Home / Uncategorized / УКЛО организира работилница за изработка на мозаици

УКЛО организира работилница за изработка на мозаици

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола објави повик за учество на работилница за изработка на мозаици.

Од УКЛО информираат дека работилницата ќе биде во функција на програмските активности на Универзитетот, посветени на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски.

Право на учество на работилницата имаат студентите од УКЛО запишани на прв циклус студии, но пожелно е да поседуваат знаења од областа на уметноста и дизајнот. Предност ќе имаат студентите од Техничкиот факултет и програмата графичко инженерство, информираат од УКЛО-Битола.

Пријавувањето на студентите за учество на работилницата за изработка на мозаици ќе се врши до 1 август, а избраните студенти во текот на месец август ќе престојуваат во Охрид каде под менторство на стручен тим ќе се изведува планираната работилница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*