.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Спорт / Донесена одлука за фузија на РК Пелистер и Еурофарм Работник

Донесена одлука за фузија на РК Пелистер и Еурофарм Работник

                           

          Со 16 гласови за, 9  воздржани гласови и двајца советници кои воопшто не гласаа, Советот на Битола донесе одлука за фузија на ракометниот клуб Пелистер и Еурофарм Работник.

          Со оваа одлука практично е откочен процесот за фузија на ракометните клубови Пелистер и Еурофарм Работник.

          Со ваквата одлука Советот ја задолжи градоначалничката  на Битола, Наташа Петровска да го потпише договорот за купо-продажба на РК Пелистер.

          Инаку седницата на Советот помина во остра дебата на советниците на власта и опозицијата околу купо-продажбата на РК Пелистер.

          Опозицијата инситираше да им се стави на увид ревизорскиот извештај за материјално финансиското работење на РК Пелистер, како и да им се соопшти  колку изнесуваат обврските кои Општината треба да ги плати  кон добавувачите пред потпишувањето на Договорот, што беше еден од условите Еурофарм Работник да го купи мнозинскиот пакет акции на РК Пелистер.

          Со договорот е предвдиено Еурофарм Работник да купи 75 отсто од акциите на РК Пелистер, а општината Битола, која ќе задржи 25 отсто од акциите, во наредите 5 години да издвојува по 15 милиони денари по натпреварувачка сезона.

          Вкупниот буџет на новиот клуб Еуроафрм Пелистер ќе изнесува 1  милион евра.

          Дрестот на  Еуарифарм Работник во оваа сезона ќе  биде плаво бел, а од наредната клубот ќе има два комплети дресови, покрај плаво бел ќе има и зелено бел дрес.

          Првиот клуб ќе се вика Еурофарм Пелистер,а  вториот Еурофарм Пелистер 2.

         

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*