Home / Uncategorized / Два волка побегнаа од битолската Зоолошка градина

Два волка побегнаа од битолската Зоолошка градина

Утринава, два волка побегаа од своите живеалиште во Зоолошката градина во Битола, пробивајќи ја заштитната ограда од живеалиштата. Едниот волк, како што за медиумите изјави директорот на Зоолошката, Коста Нешовски бил застрелан во обидот за бегство, а другиот заминал во шумата над Тумбе кафе во правец на Баба планина. Останатите два кои исто така биле сместени во живеалиштето, се префрлени во кафез. Директорот Нешовски вели дека и нив не им е јасно како волците успеале да ја пробијат оградата. За случајот ја известиле битолската полиција, а нивните чувари се во состојба на готовност и ги презеле сите безбедносни мерки. Директорот Нешовски уште и изјави дека вакви и слични инциденти се случувале и во зоолошките низ светот, и апелираше до граѓаните да бидат претпазливи.  Побегнатиот волк е црн по боја.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*