Don't Miss
Home / Uncategorized / Две години затвор за Груевски

Две години затвор за Груевски

Две години затвор за екс премиерот Никола Груевски, како обвинет во случајот Тенк, односно набавката на мерцедесот од 580.000 евра. Поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски пак е осуден на шест години и шест месеци.

Судијката Добрила Кацарска образложувајќи ја осудителната пресуда истакна дека Груевски побарал од Гордана Јанкулоска да спроведе јавна набавка за мерцедесот, а таа го потикнала Ѓоко Поповски да ја фаворизира компанијата Мак Ауто Стар.

Таа истакна и дека Груевски ги потценил и омаловажил граѓаните бидејќи зад нивне грб во тајност го набвавил мерцедесот по лижна желба.

„Чест е да се биде носител на јавна функција, а особено премиер. Легитимитетот го добил од граѓаните па заради тоа требало да се грижи за нивните интереси. Но, наместо тоа тој ги омаловажил и потценил – истакна судијката Кацарската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*