Don't Miss
Home / Uncategorized / Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на раскрсницата Битола- Демир Хисар

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на раскрсницата Битола- Демир Хисар

Вчера  во 21,05 часот, во СВР- Битола, пријавена  е случена сообраќајна незгода  на Кукуречанска раскрсница на надвозникот од патот Р-1305 Битола – Демир Хисар. Во сообраќајната незгода учесници беа: ПМВ „Мерцедес 200” со битолски регитарски ознаки, управувано од лицето Сашо П. (42) од Битола, кој во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди и од здобиените повреди починал во Клиничка Болница Битола. Смртта е констатирана од страна на доктор од служба за Ургентна медицина. Покрај загинатиот Сашо П. во сообраќајката со тешки телеsни повреди се здолбиле неговите сопатници: Г.Ј (24) од Битола, кој во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди  (фрактура на главата и коматозна состојба);И.Ј. (41)   и     А.Р. (53)  и двајцата од Битола.  Лицата се задржани  на опсервација и лекување во Клиничка болница Битола.

– Возачот на  ТМВ „Там 80 Т” со битолски регистерски ознаки,  Е.Б (30) од Битола,кој во сообраќајната незгода се здобил  со телесни повреди (набиеници на потколеница и подлактица)  констатирани  од страна на доктор од Одделение за ортопедија во Клиничка болница Битола.

Увид на лице место е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа на СВР- Битола.  Врз телото на починатиот е издадена наредба за обдукција.

За време на вршење на увидот , во периодот од 21,20 до 23,50 часот , сообраќајот на патот Р-1305  Битола-Демир Хисар беше затворен за сообраќај  за сите моторни возила се вели во соопштение на СВР Битола.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*