Don't Miss
Home / Македонија / Една недела протест на новинарите за состојбата на дописниците

Една недела протест на новинарите за состојбата на дописниците

Согласно заклучокот, кој пред извесно време на состанокот на ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинарите што се одржа во Битола, од денес, па во наредните 7 дена сите новинари ќе го искажуваат својот револт од тешката состојба на новинарите, а особено на дописниците.
-Соочени со се потешката ситуација во која се наоѓаат нашите колеги, новинари, фоторепортери и сниматели кои работат како дописници за медиумските куќи во Македонија, најчесто како хонорарни соработници, Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија од денес  почнува акција за солидарност со дописниците во период од 15- 21 септември 2014.
Ги повикуваме сите членови на медиумската заедница да земат учество и да покажат солидарност така што во текот на неделата ќе носат за таа цел специјално изработени машнички во црвена и бела боја кои можат да се добијат од синдикалните претставници во вашиот медиум или директно во ССНМ.
Со акцијата сакаме да покажеме дека знаеме и не се согласуваме што нашите колеги кои со години работат без какви било обезбедени технички средства, без ограничено работно време, без слободни денови и со најнизок платен труд, се третирани како „новинари од втор ред” во македонските медиуми кои можат лесно, преку ноќ, да бидат отпуштени без обештетување и без каква и да е законска, но и морална обврска од страна на медиумот за кој работеле со години.
Ве повикуваме да ни се приклучите и заедно со симболично носење на црвено-белите машнички за да алармираме за ситуацијата на нашите колеги која е во спротивност со елементарното човеково право за достоинствена работа, стои меѓу другото во повикот за солидарност и изразување протест на Самостојниот синдикат на новинарите на Република Македонија.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*