Членовите на најмладата група на битолските лајонси, “Алфа лео клуб“ денеска на Широк Сокак во хумана мисија.
По повод, први декември, Светскиот ден за борба против сидата, пред супер маркетот “Веро“ на пладне, го организираа настанот “ една прегратка за само десет денари“ со цел да ја поттикнат хуманата димензија кај битолчани.
Собраните средства беа донирани.
Инаку, младите лајонси трета година со ред организираат ваков хуман настан на почетокот на декември.
Б.В.