.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Студентите се информираа за Законот за слободен пристап до информации

Студентите се информираа за Законот за слободен пристап до информации

Денеска во Општина Битола во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Универзитетот и Општина Битола под покровителство на ОБСЕ се организираше настан посветен на студентите се со цел тие да се запознаат со Законот за слободен пристап до информации, можностите што ги нуди Законот, кои од информациите на јавните институции се јавно достапни за граѓаните.

Студентите направија и обиколка на Општината Битола, со цел да се запознаат со нејзината работа и ингеренциите на локалната самоуправа.

-Речиси сите информации со овој закон се јавно достапни за граѓаните освен личните податоци, класифицирани информации, и други исклучоци, и со тоа овај закон е меѓу подобрите во Европа. Целта на ваквите настани е да се подигне транспарентноста, кои информации граѓаните може да ги добијат .

Студентите најчесто ги користат информациите за магистерски и докторски студии итн- изјави Пеце Ташевски, претседател на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*