Don't Miss
Home / Uncategorized / Еколошки акции во 4 основни училишта

Еколошки акции во 4 основни училишта

  • Четири битолски основни училишта ја јакнат свеста за заштита на животната средина, преку одбележување на Envirate Week, во соработка со Општина Битола и јавното претпријатие „Комуналец“. Така, денес во дворот на ОУ „Св.Климент Охридски“ во Битола, децатаод училиштето засадуваа садници од видовите Evonimus japonica,Tyja brabantи Juniperus ritinospora. Директорката на училиштето Гордана Анастасова истакна дека посебна радост за децата е тоа што тие се запознале со видот на засадените садници и дознале нешто повеќе за нив и за нивното одржување,од страна на директорот на ЈКП „Комуналец“, Панде Богоевски. Изминатите денови, истата акција се спроведуваше и во основнитеучилишта „Елпида Караманди“, „Даме Груев“ и „Коле Канински“. Засадувањето садници, грижата за нивното одржување, како и севкупно за животната средина, мора да се изучува од мали нозе, а дополнително преку вакви акции,да се применува во воспитно-образовниот процес, е заклучокот на раководните лица на училиштата кои учествуваат во оваа глобална кампања. Акцијата се спроведуваше од 6 март до 13 март, со што училиштата стануваат дел од глобална мрежа на училишта и веб-заедница за одржливразвој Environment online. Оваа глобална мрежа е формирана во Финска, а во неа учествуваат над 10.000 училишта од 150 држави во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*