Don't Miss
Home / Култура / ЕВН Македонија отвори читалница во градската библиотека

ЕВН Македонија отвори читалница во градската библиотека

ЕВН Македонија, во рамките на своите активности како општествено одговорна компанија, ја отвори третата читалница во земјава. Читалницата е сместена во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола, а нејзиното отворање е еден вид продолжение на проектот за поддршка на македонската литература и творештво и поттикнување на читачките навики.

-Целта е да се поттикнат учениците да создаваат здрави навики за читање и интелектувален развој од мали нозе и да го негуваат македонскиот јазик- изјави  Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Еднаш неделно во оваа читалница ќе се одвиваат едукативни работилници за ученици од 6-14 години, спроведувани од асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, во соработка со Здружението за граѓански активизам „Форум 16“ од Битола.

Учесници во оваа фаза се учениците од основните училишта „Коле Канински“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*