Француски обучувачи неколку дена обучуваат пожарникари од Битола , Прилеп и Тетово и со нив споделуваат искуства за извлекување од непристапни патеки. Обуката е само продолжување на соработката меѓу македонските и француските обучувачи што ја обезбеди фрнцуската амбасада во Република Македонија.
-Шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Битола двајца од Прилеп и двајца од Тетово деновиве со обучуваат за за возачи на возила што се користат за отворен простор на непристапни терени. За таа цел од Франција се тука двајца тренери кои ги обучуваат нашите пожарникари, директно на терен како може да се реагира на непристапни терени. Обуката на десет пожарникари е од втор степен и тоа е само продолжување на соработката меѓу Франција и Македонија, проект вреден околу 10 000 евра што ги обезбедува француската амбасада во Република Македонија – информираше Констадин Поповски, командир на ТППЕ- Битола.
Костадин Поповски
Жан Пјер Флоренс како постар водник професионален пожарникар од Франција изјави дека не е тука да дава мислење за пожарникарите колку се добри, туку да ги научи на оние основни безбедносни правила при користење на возилата надвор од патека за движење.
Б.В.