Функционерот на СДСМ од Битола, Борче Петковски, не бил цел на планиран вооружен напад со политичка заднина, туку бил погоден во ногата од заскитан куршум.
Ова го наговестуваат резулатите од вештачењето на проектилот што пред Велигден го погоди во нога поранешниот пратеник на СДСМ и актуелен партиски функционер во Битола, дознава „Мета”.
Вештачењето било извршено и во Битола и во Скопје и покажало дека куршумот бил испукан на воздушна далечина од 1,2 километри.
Зрното кое било извадено од ногата на Петковски било со калибар од 9 милиетри, популарно наречено „долга деветка”.
Зрното било со слаба ударна моќ и не успеало да направи излез на другата страна од коленото, поради што морало да биде хируршки извадено.
Настанот се случи на 27 април во населбата Карпош во Битола, во моментот кога Петковски стоел на тротоар заедно со уште двајца сограѓани.