Don't Miss
Home / Uncategorized / Геровски: Дали Заев ми се заканува

Геровски: Дали Заев ми се заканува

И новинарот Бранко Геровски вечерва реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнат Владата.

„ШОКАНТНА, ДИСКРИМИНИРАЧКА, ЗАКАНУВАЧКА И СРАМНА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од “криминалците” што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. “Педерот” што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници.

Дали кога вели “еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?

Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза.

Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев“, напиша Геровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*