Don't Miss
Home / Uncategorized / Голем концерт за помош на Давид

Голем концерт за помош на Давид

Голем број на македонски музичари, пред се битолчани, ќе бидат  дел од хуманитарниот концерт за  петгодишниот  сограѓанин Давид Домазетовски, кој ќе се одржи оваа среда, 21 јануари од 19 часот во спортската сала „Младост“ во Битола.

10502176_10205466317722856_35996398390460817_n

Малечкиот битолчанец од 22 декември се наоѓа на Одделот за неврохирургија во „Аџибадем Систина“ поради тумор на мозокот, поточно изразен Hidrocefalus со голем тумор medulloblastoma ventr. IV. Hydrocephalus int.

По две тешки операции, туморот е отстранет, но опоравувањето се уште трае, а помошта се уште е потребна.
Таткото на Давид се заблагодари на огромната помош и поддршка, за сите кои одвоија дел од своите средства или време да му помогнат на неговото синче.
Може да донирате преку броевите за донација:
077/143-778- за корисниците на мрежата на ВИП
075/143-502- за корисниците на мрежата на ОНЕ
070/143-163- за корисниците на мрежата на Т-Мобиле

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*