На 15 октомври граѓаните на Битола требаше да се изјаснуваат и на референдум за мигрантите, но владеачката хунта на СДС најде начин да им го забрани тоа право.
Се прашуваме – дали токму ветената послушност и соработка во врска со плановите на Заев за населување мигранти во Битола, беше пресудна што во конкуренција на многу други посериозни и поиздржани кандидати, СДС во Битола доби кандидатка за градоначалничка со сомнителна компетентност ?
Се прашуваме – дали послушната кандидатка на Заев и СДС во Битола е компромисното решение, откако другите поинудени кандидати одбија да прифатат соработка на штета на својот град во врска со плановите за доселување мигранти во Битола?
Ја повикуваме кандидатката да одоговори – дали е соучесник во пеколниот план на Заев за увоз на нови жители во Битола и дали можеби заедно со него планираат да ги избркаат странските инвеститори од Индустриската зона Жабени и да ја пренаменат маркицата за прифатен центар за мигранти ?
Референдумот за мигрантите го спречивте, но гласањето на 15 октомври не можете да го спречите. Тогаш битолчани ќе ви кажат НЕ на црните сценарија на Заев и неговата специјално избрана кандидатка, за разнебитување на Битол,изјави кандидатот за советник на ВМРО ДПМНЕ Горан Степановски