Празниците не се само за празнување, туку и за потсетување, рече претседателот Ѓорге Иванов, кој утрово присуствуваше на архиерејската литургија по повод празникот Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
-Празниците треба да не потсетуваат на сето она што ни овозможило да опстојуваме низ вековите, да не потсетуваат дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме, а не тоа што го немаме, затоа да си ја чуваме, почитуваме и сакаме Република Македонија, бидејќи неа ја имаме – изјави Иванов.