„Денеска претпладне градоначалничката Наташа Петровска го посети Заводот на децата со оштетен слух и говор Кочо Рацин Битола.
Да бидам искрена се чувствувам магично. Човек да се наоѓа во толку убава атмосфера, во вака добар амбиент, навистина е привилегија. И кога размислувам вака, која е најголемата привилегија да се биде градоначалник, мислам токму на ваквите моменти.
Драги мои дечиња, да сте ми здрави, живи, среќни, да ги слушате Вашите најблиски, Вашите претпоставени, вработените кои се грижат за Вас…И не заборавајте: Дедо Мраз постои! Тој е љубов, а таа е најважна во животот. Се најубаво во Новата година“, им посака градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, на децата во Заводот „Кочо Рацин“.