Don't Miss
Home / Uncategorized / Груевски ги слушаше бомбите на Ставревски

Груевски ги слушаше бомбите на Ставревски

Од бомбите кои денеска беа презентирани во Кривичниот суд, за случајот „Траекторија“, се слушна и како поранешните министри Зоран Ставрески и Миле Јанакиески, го озборувале тогашниот нивен шеф, Никола Груевски, во врска со договорот за изградба на автопатот Кичево -Охрид, коментирајќи дека бара од нив да направи нешто незаконски.

Двајцата министри имале сомнежи дека постапката не се води на законски начин, па Ставрески му вели на Јанакиески: „Ми се јави шефот, Ама, јас нема што да правам во оваа фаза. Ми вика,- дали може да се потпише договор со „Синохидро“, а да се стави една реченица дека тој договор ќе стапи во сила откако ќе се одобри кредитот?“

Потоа и двајцата се согласуваат дека тоа правно не е издржано, но и дека немаат решение што да се прави.

Ставрески, на истата тема води и разговор со тогашната министерка Гордана Јанкулоска, но која и се доверува дека шефот Груевски многу го изнервирал, што му доаѓало со телефонот да му ја скрши главата.

„Цркнавме. Да ти кажам ноќеска каква порака добив ми се смачи што ми идеше да му грабнам телефон да му ја скршам главата. Не тера да напраиме незаконско нешто. Не ја, Миле и Владо треба да потпишат со тие Кинезите и нејќат луѓето да потпишат. И во право се што нејќат. Е сега место со нив тоа да го расправа, сега они и да го јаваат, јас сум месинџерот, мене ми се јавува, ова зошто е вака зашто е така, не е потпишано. Му објаснувам зашто не е, и му пишувам во пораката и мислам дека се во право луѓето. И ми враќа порака јаките експерти, јаките правни експерти Миле и Владо, а и ти како искусен правник сте дошле до заклучок дека е, и нешто ми дрнда таму.

Јанкулоска му одговара: „Глупости. Па тој што вика дека е ок, нека го потпише“.

Ставрески продолжува да се жали па вели: „Пак е да речам забегана порака. Онака, човек што изгубил контакт со реалноста. Не е во ред, не можеш да вреѓаш така.

Во случајот „Траекторија“, односно за изградбата на автопатите Кичево -Охрид и Миладиновци -Штип со кинески кредити, обвинети се екс премиерот Никола Груевски, поранешниот вице премиер Владимир Пешевски, екс министерот Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП за држави патишта Љупчо Георгиевски.

Според СЈО обвинетите се гонат бидејќи за изградбата на автопатот Кичево-Охрид била избрана поскапа понуда. Според проценката на јавното претпријатие за државни патишта тој автопат треба да чини околу 267 милиони евра. Но, наместо оваа сума, подоцна е склучен договор вреден речиси 374 милиони евра, и тоа со компанијата Синохидро Корпорејшн Лимитед, иако имало и компанија која дала пониска понуда, но била игнорирана од тогашните македонски власти.

Според обвинението но и она што обвинителката Лиле Стефанова го кажа во воведниот збор Груевски го искористил своето реално влијание и службената положба како премиер и побарал од обвинетиот Пешевски, како вицепремиер, и Јанакиески, како министер за транспорт и врски, да извршат избор на компанија за изградба на автопатите без да спроведат постапка за јавни набавки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*