Don't Miss
Home / Македонија / Груевски: Македонија нема потенцијал за конфликт и дестабилизација бидејќи народот не го сака тоа

Груевски: Македонија нема потенцијал за конфликт и дестабилизација бидејќи народот не го сака тоа

Македонија нема потенцијал за конфликт и за дестабилизација затоа што народот не го сака тоа. Сите етнички заедници сакаат мир и просперитет, тоа се покажа во Куманово, кога и покрај многуте апели терористите да добијат помош, никој не ги поддржа. Тоа беше пресметка на полицијата со терористичко криминална банда.

Ова на вечерашниот народен собир кој се одржува пред Собранието го истакна премиерот Никола Груевски кој додаде дека ова што го прави Заев ќе заврши и земјата ќе продолжи напред.

-Не постои простор за загриженост од поголеми размери, Македонија е силна, Македонија има свои слабости и работи кои треба да ги подобри, но Македонија има сила да го подобри тоа, посочи Груевски.

-Иако досега немаше посериозни штети по економијата, психолошката состојба по терористичкиот напад, како и изјавите на Заев дека ќе паѓало крв, почна да и прави проблем на македонската економија особено во делот на извозот. Се јави и вознемиреност кај странските инвеститори исто како и кај домашните, но компаниите не треба да се плашат, имаат пријателски настроена влада која ги разбира и континуирано им помага и тоа ќе продолжи, потенцираше Груевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*