Home / Македонија / Груевски: Вечерва по бројност, народот е како никогаш до сега

Груевски: Вечерва по бројност, народот е како никогаш до сега

Вечерва по бројност како никогаш до сега, река од народ, река од достоинствен, цврст, слободоумен и горд народ. Од народ што знае да препознае кога некој го манипулира, заведува, лаже, кога препознава кога некој има нечесни намери, истакна вечерва премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на народниот собир кој се одржува кај Собранието.
Кулминира нашата битка за идеалите во кои веруваме. Девет години ја водиме оваа држава низ тешки предизвици, свесни за бројните проблеми. Македонија овие 3,5 месеци е под жесток напад. Како никогаш досега не се браниме, ретко како кога молчиме и чекаме да помине. Нашите реакции досега не беа реакции, ние молчевме, но доста беше. Македонија време е да одговори, посочи Груевски.
Премиерот истакна дека народот знае кој е и зошто е.

Масовноста на народниот собир се забележуваше уште неколку часа пред почетокот на иститот кога реки од народ се движеа по скопските улици доаѓајќи пред Собранието . Според првичните проценки, над 90.000 граѓани излегоа на народниот собир.
Македонскиот народ повеќе од очигледно е на страната на Никола Груевски. Откако вчера опозицијата доживеа фијаско на долгонајавуваниот протест пред Владата на кој учествува околу 18.000 граѓани, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вечерва покажаа и докажаа зошто на парламентарните избори пред само една година ја победија опозицијата со над 200.000 гласови разлика.

Со креирани материјали и лажни воведи, Заев мислеше дека ќе не исплашат со терористички банди, мислеше дека ќе потклекнеме и ќе се предадеме, но вечерва го добија одговорот „Македонија не се предава, Македонија е силна”.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски на вечерашниот масовен народен собир во Скопје.
-Му беа кажале, а овој наивно поверувал и говореше дека за 3 дена ќе сме си заминеле со наведнати глави. Еве денес три месеци подоцна, сплотени како никогаш, цврсти како челик, решителни до бескрај им порачуваме „Нема повлекување, нема потклекнување, нема предавање, Македонија е силна! Македонија е одлучна, Македонија пак победува. Ние победуваме. Ќе ја добиеме оваа битка “, порача Груевски.
Премиерот потенцира дека Македонија нема да дозволи да ја води политичар како Зоран Заев и дека овој човек никогаш нема да стане премиер на нашата земја.
-Нивниот инструмент кој го видовме како Струмица си ја направил пашалак, приватна фирма, крава-молзница, си вовел сопствени даноци за лично богатење, нема да ја оствари целта. Никогаш нема да биде премиер, никогаш нема да дозволи Македонија да и се случи Заев. Македонија никогаш нема да дозволи да ја водинекој кој испраќа СМС пораки кај претседателите на други политички партии каде вели дека не народот, туку некој однадвор ќе го донел на власт и не го негираше тоа. Македонија никогаш нема да го довери буџетот на таков човек и најблиските следбеници и на странски разузнавачки служби. Македонија нема да дозволи да има премиер кој ќе бара народот да ја витка кичмата. Македонија немаа да си дозволи да ја предводи човек кој со дестабилизација на државата сака да се дограби до функцијата, порача премиерот.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*