Don't Miss
Home / Uncategorized / Груевски откако ќе преспиел ќе размислел што го снајде

Груевски откако ќе преспиел ќе размислел што го снајде

Лидерот на опозоциската ВМРО-ДПМНЕ вечерва оцени дека на денешните избори и во предизборието имало низа нерегуларности и кршење на Изборниот законик што придонело за изборните резултати за водство или некаде за победа на СДСМ.

– Како претседател на партијата, имам највисока одговорност за изборните резултати, а за сето тоа, за причините за резултатите и идниот правец ќе се дискутира веднаш по изборите – рече Груевски.

Тој најави дека за сите нерегуларности ќе поднесе претставки и жалби и оти ќе се анализира што е придонело за изборните резултати.

– Изборите не се завршени, а ВМРО-ДПМНЕ е голема партија со голем број симпатизери – истакна Груевски.

Во предизборието, како што наведе, имало недемократска атмосфера нефер услови, закана кон кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, се креирала атмосфера на страв и заплашувања со која се труделе да влијаат на луѓето и на нивна демотивираност.

– Полицијата беше главен заштитник и поддржувач на овие активности и таа беше ставена во партиска функција. Од многу страни добивме информации за огромен број обиди за директен поткуп на гласачи. Секако продолжи и црната кампања, а скоро и да немаше ден а да нема неоснована кривична пријава за некој наш кандидат за градоначалник или актуелен градоначалник. Денешниов изборен ден помина со бројни нерегуларности и кршење на Изборниот законик – рече Груевски.

Било забележано, како што тврди, и узурпирање на државните ресурси и се вршел притисок.

– Имавме информации од многу места за поткупување на гласачи во сиот изминат период, а граѓани организирано се превезуваа на гласачките места. Има сериозни индиции и за манипулации со гласачките ливчиња. На повеќе места се појавуваа гласачки ливчиња од други општини што отвора сомнеж за организирана кражба на гласови. Дури и медуми објавуваа однапред заокружени гласачки ливчиња кои се дел од официјалниот изобренпроцес. Првпат во историјата на Македонија полициски џипови кружеа со партиски симаптизери на СДСМ во истите автомобили – рече Груевски, истакнувајќи дека сето ова имало свое влијание на изборните резултати и овие нешта придонеле за водство или некаде за победа на СДСМ во повеќе општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*