Досегашниот претседател на владејачката партија во Македонија, Никола Груевски, е реизбран за нов четиригодишен мандат на претседателското место на ВМРО-ДПМНЕ.
Според резултатите од денешното гласање, кои ги соопшти Илија Димовски, претседателот на Комисија за спроведување на избори, од 560 делегати гласале 529.
За избор на Никола Груевски гласале 528 делегати, а едно ливче било неважечко.
Денешното гласање беше продолжение на 15 Конгрес на партијата што се одржува во Куманово.
Б.В.