Home / Македонија / Груевски: Со опозицијата да постигнеме консензус за пет теми

Груевски: Со опозицијата да постигнеме консензус за пет теми

Во Македонија има и слобода и демократија, и влада и владејачка партија, која е подготвена да дискутира со секого, изјави Никола Груевски во завршниот говор по неговиот реизбор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на петнаесетиот Конгрес на партијата во Куманово.

 

– Сакаме да ги поправиме нашите грешки и да го подобриме демократскиот амбиент во зремјата. Ниe од СДСМ се разликуваме по начинот на кој ја поимаме слободата. СДСМ нема ништо со слободата туку нивна единствена цел е доаѓање на власт по секоја цена. Опозицијата во недостиг на концепт, својата политичка агенда во последните години ја сведува на недостиг на слобода. Тие велат само дека нема слобода кога не се на власт. За жал, нивната приказна ја поддржаa и дел од меѓунарондата заедница од нивни стратешки интереси и ги користат тие алатки за притисок – кажа Груевски.

 

Тој ја повика опозицијата да постигне консензус околу пет клучни теми: повисок квалитет во образованието, во иновациите и претприемништвото, стабилност и безбедност на земјата, околу прашањето со името, напорите за отворање работни места и воведување повисоки стандарди во секоја сфера. На крајот од својот говор, Груевски, пред присутните делегати изјави дека од никого не очекува да му кажат благодарам за тоа што го работи „во четирите ѕида во Владата“ додавајќи дека тоа го работи за доброто на граѓаните и Македонија. Ова предизвика голем аплауз кај присутните кои двапати станаа поздравувајќи го.

 

 

Извор: Нова Македонија

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*