Реагирајќи на прес-конференцијата на СДСМ, владејачката ВМРО-ДПМНЕ возврати:
-Жалиме што челниците на СДСМ, во немање друг изговор за оправдување на нивната неспособност и неуспешна политика, се обидуваат преку инсинуации и неосновани обвинувања да обезбедат барем некаков, макар и минимален политички поен. Не е првпат СДСМ, во немање поиздржана идеја, да ги користи личните и приватни човечки несреќи, дури и на своите членови за да собере евтини поени, особено кога чаршијата во Битола веќе на големо се прашува : Дали во случајот се работи за политика или за обични долгови? ВМРО-ДПМНЕ го осудува секој чин на насилство и вандализам насочени против имотот и безбедноста на било кој граѓанин, вклучително и наводното„намерно палење на возило” на активист на СДСМ во Битола- насгласи Игор Хаџиевски – секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Битола кој ги повика истражните органи брзо и ефикасно да го расчистат случајот со палењето на возилото на членот на СДСМ, Јовановски.
Б.В.