Македонија е пред нова голема политичка криза. Иронијата да биде поголема колапсот не и се заканува на Македонија поради високите јулски температури, кои достигнуваат и над 35 степени, туку поради “Реалното шоу”, на кое сме сведоци деновиве, од главниот протагонист Боки 13.
Снимките на весникот “ Ла Верита” од Италија, во кои се слуша и гледа како Боки 13 со неговиот ортак, Зоран Милевски – Кичеец и “ сведокот “ Орце Камчев се договраат со специјалната обвинителка Катица Јанева како да го спасат од затвор Орце, буквално се голтаат од граѓаните на Македонија.
“ Бомбите “ на весникот “ Ла Верита “ кои одекнуваат секој ден, деновиве по многу нешта ги надмина “ бомбите “ на Заев, со кои тој го рушеше “режимот “ на Никола Груевски.
Дали “бомбите” на “ Ла Верита “ ќе ја срушат власта на Зоран Заев останува да се види, но едно е јасно дека Орце Камчев со помош на Зоки и Боки сигурно (ќе) го сруши СЈО и самоуверената специјална обвинителка ,Катица Јанева, која веќе поднесе неотповиклива оставка.
Деновиве наместо да се зборува за туристичките убавини на Македонија и каде граѓаните (ќе) ги врват летните одмори, исклучиво се зборува за случајот “ Рекет # и “бомбите” на “ Ла Верита”.
Не само обичните граѓани, или македонските експерти, со снимките на “ Ла Верита “ се занимаваат и голем број аналитичари и експерти од соседството и ЕУ.
По скандалот што ни го приреди Боки 13, сите во државата се чувствуваат како да се потурени со жешка вода.
Затечени се буквално сите, почнувајќи од обичните граѓани, пратениците, министри, обвинители, истражните органи, а дури и премиерот Зоран Заев.
По случајот “ Рекет “ Македонија буквално се наоѓа во клиничка кома, од која прашање е дали и како ќе се извлечи.
“Нема правда- нема мир” скандираше сегашната власт, тогаш опозиција, заедно со незадоволните граѓани и поддржувачите на “Шарената револуција “, кои поддржани од “бомбардирањата “ на Заев пред 4 години тргнаа во рушење на “режимот “ на Никола Груевски.
И благодарение на поддршката на тие граѓани, на меѓународната зедница и “шарените револуционери “ дојде до смена на власта во Македонија.
Во рушењето на “режимот” свој голем придонес даде и СЈО, предводено од Катица Јанева, кое почна секојдневно да дистрибуира кривичните пријави буквално против комплетното раководство на ВМРО ДПМНЕ, на чело со лидерот Никола Груевски.
Поопширно во утрешниот број на Битолски весник