Don't Miss
Home / Македонија / Хуманитарна работилница ,,Стоп за рамнодушноста – Да ја сочуваме хуманоста’’

Хуманитарна работилница ,,Стоп за рамнодушноста – Да ја сочуваме хуманоста’’

Под мотото ,,Стоп за рамнодушноста – Да ја сочуваме хуманоста’’, денеска, во ООУ ,,Јан Амос Коменски’’ се одржа хуманитарна работилница на Црвениот крст на Република Македонија.

На работилницата учествуваа претставници од општина Карпош, од одделението за детска, здравствена и социјална заштита, Секторот за образование, одделението за спорт, како и  вработените од урбаните заедници на  локалната самоуправа.

Целта на денешната обука беше подигнување на свеста и важноста од општествено ангажирање на граѓаните, за помагање на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.

Земајќи ја в предвид хуманитарната катастрофа која го зафати светот последниве неколку години, предавачите го потенцираа фактот оти нашата држава се наоѓа на транзит маршрутата, низ која минуваат голем број на бегалци.

Според стручните лица од Црвениот Крст, решавањето на проблемите на мигрантите преку алармирање на јавноста, помошта и хуманитарната акција, заштитата и зголемувањето на свеста, се важен приоритет на оваа организација.

Оттука, тие ги повикаа граѓаните и носителите на одлука на заштита на мигрантите, како и гарантирање на нивната безбедност и достоинство, без појава на дискриминација, во секој чекор на нивното патување.

Меѓу другото, хуманитарните работници апелираа да се обезбедат психолошко советување и здравствени услуги, со што би се  намалиле стереотипите за мигрантите и бегалците.

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*